Свет

Синот на Доналд Трамп објави приватни пораки што ги разменувал со WikiLeaks

15. ноември 2017 - 8:34 | Макфакс

Најстариот син на американскиот преседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, објави приватни пораки што ги разменувал со WikiLeaks за време и по завршувањето на претседателските избори што се одржаа минатата година во САД.

Трамп Јуниор ги објави пораките кога вчера весникот „Атлантик“ напиша дека тој разменувал пораки со WikiLeaks, и тоа во периодот кога веб-страницата објави дел од украдените електронски писма на демократската кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон.

Во објавените дописи WikiLeaks му се заблагодарува на синот на Трамп за позитивните коментари на татко му за веб-страницата.

Од WikiLeaks побарале од Трамп Јуниор да им ги достави даночните пријави на татко му.

Допишувањата почнале лани во септември и траеле до јули годинава.

Коментирај