Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Брони Џејмс, синот на легендарниот Леброн, синоќа се претстави пред НБА тимовите заедно со другите кандидати на НБА драфт комбото.

На НБА драфт комбото, играчите кои влегуваат на НБА драфтот пред НБА скаути изведуваат бројни вежби кои им даваат можност на клубовите да ги видат кошаркарите од прва рака кои би можеле да ги интересираат.

Иако неговите настапи во текот на сезоната за Универзитетот „Јужна Калифорнија“ не привлекоа големо внимание кај НБА тимовите, фактот што Леброн му е татко ги натера сите новинари со голем интерес да го следат неговиот настап на НБА драфт комбото.

URL

Веднаш на почетокот, на првото мерење се најде во центарот на вниманието. Имено, Брони беше официјално пријавен како дефанзивец висок 195 см (6'4''), но се покажа дека е висок 186 см (6'1''), што е навистина голема разлика.

URL

Сепак, тој се претстави многу добро во пракса и многу НБА скаути се задоволни од она што го видоа.

Неговиот вертикален одраз е дури 103 сантиметри (40,5 инчи). За споредба, неговиот татко има одраз од 112 сантиметри (44 инчи).

Покрај скокот, Брони се покажа и како одличен шутер. На официјалниот тренинг реализираше дури 19 од 25 тројки, што е исклучително добар резултат.

Remote video URL

И покрај тоа, експертите не предвидуваат дека Брони ќе биде избран во првата рунда на драфтот, која ќе се одржи ноќта меѓу 26 и 27 јуни во Бруклин.

Како што сега стојат работите, најреално е тој да биде избран од Лос Анџелес Лејкерс како 55-ти пик за да игра со својот славен татко.

реклама

Новости од Ирак: Девојчињата на возраст од 9, момчињата од 15 години ќе можат да се венчаат

Read more

Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Кошарка

Вемби ја воодушеви публиката жонглирајќи со фудбал

Read more

На Запад ништо ново: Трипл-дабл на Јокиќ и Леброн за убедливи победи на Денвер и Лејкерс

Read more

Њу Орлеанс од -25 до победа, Бостон со 40 разлика ги победи Вориорс

Read more

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Read more
 

Спорт

Македонија силна против Катар

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ја воодушеви публиката жонглирајќи со фудбал

Читај повеќе

Новиот Салах пристигна во Англија: Мармуш потпиша за Манчестер Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Читај повеќе
  • play_arrow

Хамилтон прв пат возеше болид на Ферари, претставена и неговата нова кацига

Читај повеќе

Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Читај повеќе

Денеска завршува претпоследното коло во ЛШ: Меч да се биде или не за ПСЖ и Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Борусија го отпушти Нури Шахин по четвртиот последователен пораз

Читај повеќе
  • play_arrow

На Запад ништо ново: Трипл-дабл на Јокиќ и Леброн за убедливи победи на Денвер и Лејкерс

Читај повеќе