Фудбал

Синот на Марсело направи хаос во соблекувалната на Реал

16. мај 2018 - 10:36 | А.С.

Синот на Марсело Виеира, деветгодишниот Енцо, ги наследил фудбалските гени на татко му, судејќи по неговите жонглерски способности.

Малиот Енцо ја посети соблекувалната на Реал Мадрид, тимот во кој игра татко му, и почна да се шегува со играчите.

Тој почнува да си ја подава топката со глава со фудбалерите седнати на клупите и откако ќе ги „изреди“ сите и ќе ја смести топката во корпата за алишта без да изгуби концентрација и баланс, фудбалерите ревносно скокаат од радост и го носат на раце малиот „магионичар“.

Атмосферата во соблекувалната наликува како само да освоиле Лига на шампиони, што само докажува дека овие фудбалери навистина играат од љубов кон спортот, без разлика колку големи ѕвезди се.

Коментирај