Филм & ТВ

Синот на Шварценегер како негативец во хоророт „Daniel Isn’t Real“

23. јули 2019 - 20:18 | Б.С.Б.

Патрик Шварценегер, синот на Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер, ќе глуми во новиот хорор трилер „Daniel Isn’t Real, чија премиера е закажана за 6 декември.

Покрај Шварценегер, во главната улога ќе се појави и Мајлс Робинс кој ќе го глуми Лук, проблематичен студент чиј замислен пријател од детството, Даниел, одеднаш се враќа.

Во улогата на Даниел е токму Шварценегер. Филмот е во режија на Адам Иџипт Мортимер. По насилна семејна траума Лук го оживува неговиот замислен пријател од детството, Даниел. Пресвртот се случува која Лук е доведен до работ на лудило и ја губи контролата над умот.

„Даниел мораше да биде неверојатно згодно и харизматично, истовремено и злокобно момче, а актерот треба да ги извлече сите негови тајни и мистерии. Патрик има неверојатна генетика, самодоверба, свесен е за камерите и тоа му дозволи да биде слободен, чуден и секси“, вели Мортимер.

Во останатите улоги се појавуваат Саша Лејн, Хана Маркс и Мери Стујарт Мастерсон.

Коментирај