Синтетиката во производите за широка потрошувачка се поврзува со рана смрт

Синтетичките хемикалии наречени фталати, кои се наоѓаат во производите за широка потрошувачка, како што се кутии за храна, шампони, шминка, парфеми и детски играчки, можат да предизвикаат 91.000 до 107.000 предвремени смртни случаи годишно.

Смртта предизвикана од фталати главно се јавува кај луѓе на возраст од 55 до 64 години. На смртните случаи им претходат кардиоваскуларни заболувања. Истражувањето беше спроведено во САД и беше објавено во списанието Environmental Pollution.

Се проценува дека овие смртни случаи може да ги чинат САД од 40 до 47 милијарди долари годишно поради губење на економската продуктивност, односно продуктивноста на трудот, пренесува CNN.

„Истражувањето стана дел од растечката база на податоци за влијанието на пластиката врз човечкото тело. Тоа покажува колку е всушност потребно да се намали или забрани употребата на пластика“, вели главниот автор на истражувањето, Лионардо Трасанд.

Remote video URL

Познато е дека фталатите го попречуваат механизмот за производство на хормони во телото, познат како ендокрин систем. Тие се поврзани со развојни, репродуктивни, невролошки, имунолошки и други проблеми, според Националниот институт за здравствени науки за животната средина (National Institute of Environmental Health Sciences).

Дури и малите хормонални нарушувања можат да предизвикаат сериозни тешкотии во развојот, според NIEHS. Претходните истражувања ги поврзаа фталатите со репродуктивни проблеми, дебелина, астма и рак.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе