Сионски приорум: Каде завршува историјата, а почнуваат теориите на заговор?

Во 1956 година во Франција се појавило ново тајно друштво - Сионскиот приорум. Иницијаторот на ова друштво бил окултист и поранешен фашист.

Et in Arcadia ego во сликата „Аркадиски овчари“

„Историјата на тајните друштва е полна со измами и дезинформации. Некои од овие измами се откриени, но не знаеме колку други постојат“, вели контроверзниот професор Ричард Б. Спенсер од Универзитетот во Ајдахо, автор на познатиот серијал „The Real History of Secret Societies“ (Вистинската историја на тајните друштва).

Историските факти се злоупотребуваат во корист на создавањето псевдоисторија, а потоа и основање на разни друштва врз основа на овие неосновани тврдења.

Кој е основач на Сионскиот приорум?

Во 1956 година во Франција се појавило ново тајно друштво. Иницијатор на ова друштво бил окултист и поранешен фашист: Пјер Плантар. Меѓутоа, во официјалната документација во врска со основањето на Prieuré de Sion не стои неговото име, а причината е дек не можел да го стави авоето име на основачкиот документ бидејќи само три години претходно бил осуден за измама и фалсификување езотерични дипломи.

Бил вклучен и во многу други сомнителни активности. На пример, кон крајот на 1930-тите бил поврзан со терористичко тајно друштво наречено Ла Кагул (La Cagoule), или Таен комитет за револуционерна акција, и со Синархијата, политички заговор за окупација на Франција.

Во 1941 година француската полиција во Виши открила дека Плантар е шеф на општеството наречено Француска национална обнова. Тоа биломало десно ориентирано друштво со само тројца членови, покрај Плантар.

Во 1942 година Плантар основал уште едно патриотско братство наречено Алфа Галат (Alpha Galates), со 50 членови кои имале антимасонски и антисемитски ставови. Сепак, тие не успеале да им се допаднат на Германците кој ја окупирале Франција.

Сионски приорум: Ново тајно друштво

Создавањето на Приорумот во 1956 година било многу поуспешно од претходните негови обиди.

Основа во своето ново друштво пронашол во Првата крстоносна војна. Тврдел дека го обновува редот кој тогаш бил воспоставен, во 11 век, како и дека првиот Голем мајстор на Приорумот бил првиот крстоносен крал на Ерусалим - Годфрид од Бујон. Според историјата на Плантар, Годфрид од Бујон го основал ова друштво на планината Сион во Кралството Ерусалим во 1099 година. Годфри од Бујон бил првиот крстоносен крал на Ерусалим, но нема докази дека тој основал некое тајно друштво.

За да ѝ се даде кредибилитет на измислената лоза, Плантар и неговиот пријател Филип де Шеризе, морале да создадат „независни докази“. Во текот на 1960-тите создале и депонирале серија лажни документи, од кои најпознатите се нарекуваат Тајни досија на Анри Лобино (Dossiers Secrets d'Henri Lobineau) во Националната библиотека на Франција во Париз. Во текот на истата деценија, Плантар му наредил на Де Шеризе да фалсификува два средновековни пергаменти. Овие пергаменти содржат шифрирани пораки кои се однесуваат на Сионски приорум.

Според неговата псевдоисторија, успеал овој ред да го поврзе со Розенкројцерите и со витезите Темплари - како некои од манифестациите на неговиот ред, и тврдел и дека некои познати луѓе, како што се Леонардо да Винчи, Виктор Иго и Клод Дебиси, беа Големи мајстори на Сионски приорум.

Го усвоил и Et in Arcadia ego ..., малку изменета верзија на латинскиот израз што се појавува како наслов на две слики од Никола Пусен, како мото на неговото семејство и Сионскиот приорум.

Приорумот наводно станал супер-тајно друштво кое стотици години создавало или манипулирало со други тајни друштва.

Каква тајна наводно чувал Приорумот?

Според Приорумот, постои свето крвно потекло од Исус и Марија Магдалена; крвна линија што преживела во вените на европските кралски семејства - затоа што, според неговата историја, потомците на Исус се мешале со Меровинзите, династија на франкиски кралеви кои владееле со Франкија од 481 до 751 година. Плантар и Приорумот имале за цел да ги вратат овие наводни потомци и да ги направат владетели на обединета Европа.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Вести

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Read more

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе