Сирија е бомбардирана, што сега?

Американските воени напади во Сирија покренаа многу прашања. Прво, и она најважно, е прашањето каква е точно сега американската политика кога е во прашање Сирија.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред две недели во говор во Охајо рече дека САД наскоро ќе ги повлечат своите војници од Сирија. Меѓутоа, сега нареди бомбардирање.

Која е тогаш политиката на Администрацијата на Трамп? Дали сирискиот лидер Башар ал-Асад мора да си замине, што беше и политика на САД во првите години од сириската војна и за време на Администрацијата на Барак Обама? Дали едноставно постои само црвена линија кога е во прашање употребата на хемиско оружје од страна на Асад и ништо повеќе?

Одговорите на сите овие прашања се нејасни. Кога Трамп објави дека се извршени напади во Сирија, наведе дека причина е употребата на хемиско оружје, но американската амбсадорка во ОН, Ники Хејли предходно изјави дека нема да биде можно политичко решение за Сирија се додека е Асад на власт.

Од друга страна, се поставува прашањето дали Администрацијата на Трамп има намера  да ги заштити цивилите во Сирија од војната која во изминатите седум години уништи поголем дел од земјата. 

Речиси половина милион Сиријци ги загубија животите во војната, од кои само мал број загинаа при напади со хемиско оружје.

Трамп во текот на предизборната кампања говореше за создавање на „безбедносни зони“ за цивилите. Дали следната етапа на политиката на Трамп ќе биде создавањето на такви зони? Како би функционирале тие? 

Таквите зони би подразбирале и воведување на забрана за летови, но нејзиното спроведување е сложен процес поради фактот што Сирија ја надлетуваат голем број руски авиони.

Можно е Трамп и да го промени својот став и кон сириските бегалци. Имајќи ги предвид нападите со хемиско оружје, можно е Трамп да ја промени својата политика во врска со прашањето за влез на бегалци во САД.

Во моментот во сила е забрана за влез на сириски бегалци во САД и покрај фактот што најголемиот дел од нив се жени и деца.

Се поставува и прашањето дали нападите од саботата претставуваат пресвртница и во односите помеѓу Трамп и Русија?

Трамп беше во голема мерка остар при објавувањето на нападите и директно ја запраша: „Каква е таа нација која би сакала да биде поврзана со масовен убиец на мажи, жени и деца?“.

Исто така, се поставува и прашањето за легалноста на извршените напади. Нападите не ги одобри Конгресот, што не е за чудење, имајќи предвид дека Трамп се труди влијанието на Конгресот да го сведе на минимум во вакви случаи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе