СИРИЗА: Мицотакис го финализираше вртењето за 180 степени за Договорот од Преспа

На средбата со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис побара верно почитување и целосно спроведување на Договорот од Преспа и го финализираше вртењето за 180 степени на ставот за ова прашање, коментираат од грчката опозициска партија СИРИЗА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, партијата го поздравува ставот на Мицотакис и бара од грчката Влада веднаш да ги донесе за ратификација во Парламентот трите договори со нашата земја.

– Господинот Мицотакис откако прво предизвика турбуленции без преседан во земјата со неговиот радикален популизам, откако прво се идентификуваше со Златна зора во говорот на омраза против Владата на СИРИЗА и откако ја изложи земјата на меѓународно ниво со неговата хипокризија, сега го финализираше вртењето за 180 степени за ова прашање, велат од СИРИЗА.

Од партијата додаваат дека ја поздравуваат актуелната позиција на грчкиот премиер „кој сега, веќе и на официјален начин, го почитува Договорот од Преспа“.

– Како следен чекор го очекуваме извинувањето што го должи и на СИРИЗА за клеветењето и на грчкиот народ за измамите со лаги. Конечно во Парламентот да ги донесе билатералните договори за ратификацијата што ја одложува, бидејќи се плаши од сопствената партија, коментираат од СИРИЗА.

Конкретните договори кон средината на септември беа доставени во Парламентот, меѓутоа поради реакциите и барањето на лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, ратификацијата да биде со јавно гласање, процедурите запреа.

реклама

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Read more

Регион

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Вучиќ и Рама со предлог за ЕУ: Србија и Албанија во Шенген, но без вето

Read more

Србија увезува најмногу оружје од сите земји во регионот

Read more
 

Вести

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Читај повеќе

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе

Катар евакуираше делови од Доха

Читај повеќе

Поднесено е обвинение за сопругот на Ивана по трагедијата во Карпош

Читај повеќе

Мицкоски: Македонските власти подобро реагираа по пожарот во Кочани, отколку швајцарските во Кран Монтана

Читај повеќе

Мицкоски: Ако продолжи ваквиот тренд, Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа

Читај повеќе