Сите авиопатници кои од Скопје пристигнаа во Финска ќе бидат тестирани и ставени во карантин

Сите патници кои вчеравечер со авион на Wizz Air од Скопје притигнаа во финскиот град Турку се ставени во карантин и ќе бидат тестирани за COVID-19.

Риита Лиукса, директор на Одделот за цивилна заштита на Турку, изјави дека патниците кои живеат во Финска ќе одат во домашен карантин, а за другите карантин обезбедуваат локалните власти.

Сè уште нема информации колку од околу 130 патниците кои пристигнаа од Скопје се Финци, а колкумина се странци.

На патниците не им беше дозволено да користат јавен превоз на пат од аеродромот до местото на карантин.

Надлежните институции ќе контролираат дали карантинот се почитува, а за негово евентуално прекршување се предвидени казни.

Финските власти претходно соопштија дека од 157 патници кои во саботата со авион од Скопје пристигнаа во Турку, по направеното тестирање, 26 биле позитивни на COVID-19.

Трисетина патници од саботниот лет се жители на Турку, а најголем дел од останатите се од регионот Усимаа и други делови на Финска. Иако нема официјална информација за идентитетот и националноста на заразените, финските медиуми пренесуваат дека десетина се жители на Турку.

Македонското Министерство за здравство вчера соопшти дека според информациите на службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција, повеќето од 157-те патници во авионот се државјани на Косово и на Финска, а само двајца се македонски граѓани. Најголем дел патувале со косовски пасош (95 лица), со фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши. Станува збор за патници, иселеници, кои доаѓаат во Македонија или транзирираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Ниту еден од патниците не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест.

Сепак, МНР преку Амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, ја побара листата со имиња на патниците кај кои било констатирано присуство на вирусот

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок, како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, ќе ја разгледува можноста за воведување PCR тест за граѓаните од соседните земји кои транзитираат низ државава.

Во врска со тоа каква е процедурата за лица кои транзитираат низ државава тој истакна дека во моментов секој може да транзитира, има ограничен број часови за влез и излез од земјава, за што сега не е потребен PCR тест.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе