Во неделата се одиграа сите шест натпревари од македонската прва лига, додека второлигашите мируваа поради настапите на аматерската репрезентациија на Купот на регионите на УЕФА.
На шесте прволигашки средби беа постигнати 16 голови, што е 2,66 голови по натпревар. На сите натпревари имаше голови, а само Воска Спорт не успеа да постигне ниту еден гол. Половина од натпреварите завршија со 1:1 и поделба на бодовите, додека најефикасно со 5 гола беше Струмица каде Брера ја победи Беса со 3:2
5. коло резултати:
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје
Работнички - Тиквеш 3:1 (1:0)
Стрелци: 24' Егзон Белица, 80' Димитар Данев, 90' Али Регба - 75' Витор Алберту Алвис Рибејру
Главен судија: Фуркан Идризи (Тетово)
Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Брера Струмица - Беса 1976 3:2 (0:0)
Стрелци: 46', 54' (п) Ѓорѓе Ивковиќ, 57' Мартин Ѓоргиевски - 66' Арсим Љамалари, 88' Алмир Реџепи
Главен судија: Александар Василевски (Скопје)
Стадион „Петар Милошевски“ во Битола
Пелистер - Струга 1:1 (1:1)
Стрелци: 45' (аг) Сава Радиќ - 16' Мухамед Кехинде
Главен судија: Александар Ставрев (Скопје)
Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи - Шкендија 1:1 (1:0)
Стрелци: 45' Умеми Канда - 60' Клисман Цаке
Главен судија: Александар Грујоски (Кичево)
Стадион „Атина Бојаџи“ во Охрид
Воска Спорт - Силекс 0:3 (0:0)
Стрелци: 62' Марко Ѓорѓиевски, 73' Валентин Кочоски, 84' Милош Николиќ
Главен судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Стадион „Борис Трајковски“ во Скопје
Гостивар - Вардар 1:1 (1:0)
Стрелци: 20' Алдаир Џало Балде - 84' Немања Босанчиќ
Главен судија: Димитар Пилешков (Штип)