Сите голови: Преглед на викенд колото во првата и втората лига

Филип Здравески
/ 02.09.2024 / 19:51

Пред репрезентативната пауза се одиграа редовните кола во првата и втората македонска фудбалска лига каде беа постигнати вкупно 31 гол.

Од натпреварот Брегалница - Саса; Фото: ФК Брегалница Штип

Токму поради репрезентативните обврски беше сменет радоследот, па прволигашите топката ја тркалаа во традиционално второлигашката сабота, а второлигашите на сцена настапија во неделата.

На шесте прволигашки средби беа постигнати само 11 голови, што е помалку и од два гола во просек по натпревар, односно точно 1,83 гола по натпревар. Два меча завршија без голови, во првото полувреме имаше гол на само еден натпревар, а тој го постигна Силекс.

4. коло резултати:

Стадион „Градски“ во Кавадарци
Тиквеш - Гостивар 0:0
Главен судија: Марјан Младеновски (Скопје)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје
Вардар - Воска Спорт 1:3 (0:0)
Голови: 86′ Николче Шаркоски - 54′ Донарт Ибраими, 62′ (аг) Јасмин Мециновиќ, 66′ Абдулхади Јахја
Главен судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Шкупи 2:1 (1:0)
Голови: 2′ Кристијан Ефтимов, 62′ Марко Ѓорѓиевски - 84′ Демир Имери
Црвен картон: 64′ Клемент Анса (Ш)
Главен судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Градски“ во Тетово
Шкендија - Пелистер 2:0 (0:0)
Голови: 58′ Клисман Цаке, 75′ Ване Крстевски
Главен судија: Димитар Пилешков (Штип)

Стадион „Градска плажа“ во Струга
Струга - Брера Струмица 2:0 (0:0)
Голови: 65′ Стефан Јевтоски, 70′ Мухамед Кехинде
Главен судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)

Стадион „Градски“ во Гостивар
Беса 1976 - Работнички 0:0
Главен судија: Грујоски Александар (Кичево)

Хајлајтс од сите натпревари:
Remote video URL

Второлигашите повторно беа голгетерски порасположени постигнувајќи вкупно 20 голови, или 2,5 по натпревар, но ова коло беше послабо во однос на претходното кога просекот беше 3,5. Најефикасно беше во Гевгелија каде беа постигнати 5 гола, а Дарко Грозданоски од редовите на домашниот Кожуф беше стрелец на сите 4 гола за својот тим. Во втората лига немаше натпревар без голови, а најблиску до такопв беше Борец - Новаци каде гостите во 96. минута погодија за победа.

3. коло резултати:

Стадион „Железарница“ во Скопје
Скопје – Вардар (Н) 2:1 (0:0)
Голови: 48′, 76′ Христијан Кировски – 46′ Ники Зумровски
Главен судија: Боби Величков (Велес)

Стадион „Градски“ во Гевгелија
Кожуф – Осогово 4:1 (2:1)
Стрелци: 41′, 45′, 59′, 88′ Дарко Грозданоски – 1′ Фикрет Љиварека
Главен судија: Игор Иванов (Велес)

Стадион „Градски“ во Радовиш
Дет. Плачковица – Вардарски 1:1 (1:0)
Стрелци: 28′ Албан Таипи – 79′ Илија Баламов
Главен судија: Спире Арсов (Кочани)

Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница – Саса 2:1 (0:0)
Стрелци: 66′ Благој Хаџи-Кимов, 76′ (п) Иван Галевски – 52′ Тони Мичковски
Главен судија: Ндерим Тефику (Куманово)

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец – Новаци 0:1 (0:0)
Стрелци: 90'+6 Михаил Милевски
Главен судија: Фатмир Бафто (Охрид)

Стадион „ФФМ Петар Милошевски“ во Скопје
Македонија ЃП – Победа 3:0 (2:0)
Стрелци: 28′, 38′, 81′ (п) Симеон Христов
Главен судија: Благојче Ралевски (Битола)

Стадион „Градски“ во Гостивар
Арсими – Башкими 0:1 (0:1)
Стрелци: 30′ Хусеин Демири
Главен судија: Бењамин Ќерими (Скопје)

Стадионот „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица – Охрид 1:1 (1:1)
Стрелци: 36′ Љупчо Христовски – 16′ Филип Димоски
Главен судија: Александар Урошевиќ (Тетово)

Хајлајтс од сите натпревари:
Remote video URL

Домашниот фудбал ќе продолжи викендот на 14 и 15 септември со втората лига во сабота, а првата во недела.

Тагови
реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Фудбал

AS: Балканскиот гениј нокаутиран, Милан во криза

Read more

Цените на билетите за Светско паѓаат, а бесот на навивачите не стивнува

Read more

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Read more

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Read more
 

Спорт

AS: Балканскиот гениј нокаутиран, Милан во криза

Читај повеќе

Цените на билетите за Светско паѓаат, а бесот на навивачите не стивнува

Читај повеќе

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Читај повеќе

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Читај повеќе

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Читај повеќе

Римското дерби конечно доби термин: В недела точно на пладне!

Читај повеќе

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Читај повеќе

Истрага ќе го одложи плејоф финалето за пласман во Премиер лигата

Читај повеќе