Сите настани на „Охридско лето“ ќе се одржуваат пред строго определен број посетители

Сите музичко-сценски содржини предвидени во програмата на годинешното јубилејно 60. издание на „Охридско лето“ ќе се одржуваат според однапред утврдените протоколи за безбедност, во насока на заштита на здравјето како на публиката, така и на уметниците.

Како што беше појаснето на денешната прес-конференција на која беше презентирана фестивалската програма, врвен приоритет на Институцијата е грижата за јавното здравје.

– Одговорноста да се подготвува програма во време на пандемија е голема, но и задоволството кога знаете дека сте успеале во време кога се откажуваат големи светски фестивали. Инсистирав и не сакав да постапам различно од Комисијата за здравство. Подготовките околу протоколите зедоа време, затоа ова година беше невеозможно фестивалот да почне на 12 јули. Речиси сите фестивали во светот се откажани, откажани се и Олимписките игри. Не сакавме да настапи ниту еден уметник без дозвола или без соодветен протокол, истакна директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ.

Селекторката на музичката програма Даница Стојанова ја искористи можноста да им се извини на сите верни љубители на фестивалот, како и на бројната публика доколку нема да бидат во можност да присуствуваат во поголем број на концерните вечери.

– Поради големите органичувања на бројот седишта и поради протоколот од Комисијата за заразни болести околу заштитните мерки, Дирекцијата на „Охридско лето“ во ниту еден момент нема да може ниту ќе дозволи публика повеќе од дозволеното, рече таа.

Поради епидемијата на коронавирусот годинешното „Охридско лето“, после бројни измени во програмскиот дел и со постојано следење на ситуацијата наметната од COVID-19, наместо во редовниот термин од 12 јули до 20 август ќе се одржува од 4 до 30 август. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе