Сите повреди на жртвите кај Смилковско Езеро биле нанесени додека биле живи

Скопје, 10 декември 2018 (МИА) – Вештите лица од Институтот за судска медицина на денешното судско рочиште за петкратното убиство кај Смилковски Езеро што се случи на 12 април 2012 година, кажаа дека сите повреди на жртвите им биле нанесени додека биле живи и во нив било пукано од релативна близина.

Професорот од Институтот за судска медицина Златко Јаќоски рече дека на местото на настанот дошле вечерта на 12 април, околу 22 часот и 30 минути, а си заминале околу три часот наутро, кога пристигнале екипи од Погребалното претпријатие АД „Бутел“ за да ги подигнат телата и да ги однесат во Институтот на обдукција.

Сите тела, како што рече тој, биле поставени во еден правец, односно со нозете кон копното.

На почетокот на рочиштето Јаќоски кажа дека тој заедно со неговата колешка Билјана Јаневска вечерта биле на увид на местото на петкратното убиство кај Смилковското езеро.

– Петте жртви се убиени каде што беa пронајдени и во брз временски период, рече Јаќоски, додавајќи дека жртвите починале од повеќе огнострелни повреди, а траги од крв имало под нивните тела што укажувало дека местото на настанот бил токму таму.

Јаќоски посочи дека телото на рибарот Борче Стефановски било пронајдено до автомобилот со лицето свртено кон возилото, а во рацете имал клучеви. На хаубата од возилото било најдено мозочно ткиво.

Одговарајќи на прашање поставено од судијата Огнен Ставрев, вештото лице Јаневска рече дека врз основа на вкочанетоста на телата, мртовечките дамки, оладеноста, може да се претпостави дека смртта настапила 10 до 24 часа пред обдукцијата.

Семејствата на убиените момчиња и рибарот не присуствуваат на денешното рочиште бидејќи, како што претходно истакнаа, тоа е многу болно за нив и не ќе може да ги следат исказите.

Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.

Ново рочиште за случајот „Монструм“ е закажано за 20 декември, кога вкрстено ќе бидат испрашувани балистичари.

реклама

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе