Oфицијално се отворени преднарачките за серијата iPhone, откако новиот смартфон беше претставен на почетокот на оваа недела.

Но, Apple Store падна, веројатно затоа што беше преплавена со нарачки.
Пораката на страницата гласеше: „Речиси сме таму. Само неколку завршни работи и Apple Store ќе биде подготвена. Се гледаме наскоро“.
Гневните клиенти отидоа на платформата X (порано позната како Twitter) за да ја искажат својата фрустрација.
Еден корисник, Мет Валас, напиша: „Apple е најголемата компанија во светот и nе можат да ја кренат својата веб-страница за закажаното време за лансирање на iPhone 15!“
Друг сподели скриншот од пораката за грешка, проследена со објава: „Јас: земи ми ги парите! Apple: Не!“