Сите шведски клубови играат во ретро дресови - лигата им слави 100 години
Прекрасна иницијатина на клубовите од најдобрата шведска лига, Алсвенскан, по повод големиот јубилен - 100-годишнината од нејзиното формирање.
Елитната лига на шведскиот фудбал слави 100 години постоење, па овој голем јубилеј одлучија да го прослават со одлична идеја.
Сите 16 клубови кои сезонава се натпреваруваат во Алсвенскан се вратија назад во времето и направија специјални ретро дресови.
Цел еден месец Швеѓаните ќе ги играат лигашките натпревари во дресови што ги носеле пред речиси 100 години.