Сите зборуваат за тенковите, но што е со германските дронови кои пристигнуваат во Украина?

Борбени тенкови и извидувачки дронови: Украина наскоро ќе ги добие и двете од Германија.

Тоа се дозна во ист ден минатата недела, но веста од Берлин за одлуката да се снабди украинската војска со тешки тенкови Leopard 2 ја засени веста од Минхен. Младата стартап компанија Quantum-Systems доби втора, многу поголема нарачка за своите дронови Vector од Министерството за одбрана на Украина. Оваа испорака ќе биде финансирана од германската влада.

Извидувачкиот дрон Vector веќе ја докажа својата вредност во војната во Украина. Имено, на почетокот на август минатата година, Киев нарачал 33, а сега, пет месеци подоцна, уште 105 парчиња. Инаку, уште во пролетта минатата година, со-основачот и извршен директор на компанијата, Флоријан Зајбел, за германските медиуми изјави дека го контактирал украински милијардер кој сакал да купи беспилотни летала за армијата на својата земја и дека неговиот пример го следеле и неколку други олигарси, пишува Deutsche Welle.

Беспилотните летала Vector беа во употреба во Украина во време кога многу политичари во Германија имаа сериозни сомневања околу целисходноста на испораката на оружје во земјата. Но, тоа не е оружје, што објаснува и зошто германското Министерство за економија ја издаде дозволата за извоз толку брзо. Ова летало, кое се движи со пропелери со должина од 1,63 м и има распон на крилата од 2,8 м, се користи за извидување. Може да помине до 120 минути во воздух и да пренесува видео и податоци од далечина до 30 километри, што е дострелот на голем број артилериски оружја.

Еден примерок чини 180.000 евра, а германската влада на тој начин ќе плати речиси 20 милиони евра за нова нарачка од украинското Министерство за одбрана. На прашањето зошто Vector е толку скап, Флоријан Зајбел за DW вели дека всушност е еден од поевтините - израелските или американските воени извидувачки дронови се многу поскапи.

„Има многу воена технологија вградена во него: специјални антени, уреди за ноќно гледање, инфрацрвени камери, врски за податоци. Софтверот е развиен речиси една деценија, на пример кога станува збор за контрола и навигација“.

Vector влезе во сериско производство во 2020 година, а со испраќањето на првите примероци во Украина во пролетта 2022 година, стартап компанијата од Минхен првпат ги искористи своите дронови за воени цели во воена зона.

„Ние на Запад мораме да направиме сè што е можно за да заврши оваа војна што е можно поскоро, но можеме да ја принудиме Москва на преговарачка маса само кога Русите ќе видат дека ќе ја изгубат војната. Сè додека мислат дека можат да победат, ќе продолжат“, убеден е минхенскиот бизнисмен.

По испораките во Украина, за извидувачкиот дрон се заинтересираа и други армии - германскиот Бундесвер, како и американската и холандската армија.

Во врска со испораката на беспилотни летала за украинската армија, претставници на компанијата Quantum Systems, кои веќе неколку пати патувале во Украина, во моментов работат на организирање на сервисирање на лице место, со цел да се избегне транспортот до Германија. По новата нарачка од Киев, таа работа дополнително се засили, но Флоријан Зајбел во интервју за DW не сакаше да ги открие деталите.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе