ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Сити го прегази немотивираниот Ливерпул

Она што требаше да биде дерби за титулата излезе натпревар без значење со пирова, но висока победа на Манчестер Сити. Пред натпреварот „Граѓаните“ на новиот шампион му направија шпалир, а потоа го треснаа од земја.

Пеп Гуардиола ја загуби титулата, но имаше слатка одмазда врз Јирген Клоп. Неговите избраници синоќа со високи 4:0 го поразија новиот шампион Ливерпул чии играчи не делуваа мотивирани за дерби пресметката.

Резултатот го отвори Кевин де Брујне од белата точка откако Џо Гомес претера со влечењето на Рахим Стерлинг. Само десет минути подоцна Стерлинг зголеми на 2:0, а во последната минута од полувремето Фил Фоден ја најави бламажата на „Црвените“.

Во вториот дел автоголот на Алекс Окслејд-Чејмбрлејн ги постави конечните 4:0, што е највисок пораз на Ливерпул сезонава во сите натпреварувања и само втор во Премиер лигата.

Remote video URL

На 6 кола до крајот разликата на табелата сега е точно 20 бодови, но Ливерпул веќе математички е шампион, па оваа победа за „Граѓаните“ беше едноставано слатка пирова одмазда.

Тотенхем сѐ повеќе и повеќе се оддалечува од местата кои водат во Европа откако синоќа загуби и на гостувањето кај Шефилд Јунајтед.

Норвежанецот Сандер Берге во во 31. минута го отвори резултатот, на 2:0 зголеми Лис Мусе во 69. минута, а тројката ја постигна Оливер МекБарни.

Тотенхем го ублажи поразот во последната 90. минута преку Хари Кејн.

Remote video URL

Со овој пораз тимот на Жозе Мурињо падна на 9. место со 45 бодови, а Шефилд го престигна и со 47 сега е седми.

реклама

Кога кај нас вака: Велосипедска патека долж брегот во Турција, #НаТочак апелира за вакви промени и во Македонија

Read more

Четири хороскопски знаци кои важат за најжешки во кревет

Read more

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Instagram убавица: Ерјона Сулејмани

Read more

Фудбал

Седум фудбалски менаџери кои воделе клуб и репрезентација истовремено

Read more

Разумни трансфери: Барселона

Read more

Симеоне: Заслужено бевме елиминирани

Read more

Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Read more

Спорт

  • play_arrow

Седум фудбалски менаџери кои воделе клуб и репрезентација истовремено

Читај повеќе
  • play_arrow

Разумни трансфери: Барселона

Читај повеќе

Вака изгледа распоредот за НБА плејофот

Читај повеќе

Симеоне: Заслужено бевме елиминирани

Читај повеќе

Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Читај повеќе

Ѓоковиќ одлучи да игра на УС Опен

Читај повеќе
  • filter

Озил бара поддршка за „Muslim Lives Matter“

Читај повеќе

Гасперини: Штета, помисливме дека сме во полуфинале

Читај повеќе

Сити испрати понуда за Кулибали

Читај повеќе