УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Сити килаво со Дортмунд, Салах за надеж на Ливерпул

Домаќините остварија победи во синоќешните први четвртфинални натпревари, но и двете гостински екипи успеаја да постигнат гол кој остава надеж дека не е сѐ завршено.

Манчестер Сити во 19-тата минута преку Кевин Де Брујне поведе против Борусија, рано водство кои сите ги залажа дека ќе следува голеада.

Мрежите мируваа сѐ до 84. минута кога Марко Ројс го израмни резултатот на изненадување на домашните.

Сепак, во последната минута Фил Фоуден погоди за победа на „Граѓаните“, победа која со примен гол на домашен терен не е воопшто никаква причина за мирен сон до реваншот во Дортмунд.

На „Алфредо Ди Стефано“ стадионот во Мадрид копјата ги вкрстија Реал Мадрид и Ливерпул, два клуба кои заедно тежат 19 трофеи во ова натпреварување.

„Кралевите“ по првите 45 минути заминаа со водство од 2:0 благодарение на головите на Жуниор Винисиус во 27. и на Марко Асенсио во 36. минута.

Само шест минути по паузата Мохамед Салах ја врати надежта на Ливерпул постигнувајќи важен гол на гостински терен, иамо петнаесетина минути подоцна Винисиус ги постави конечните 3:1.

Со оглед на тоа што во УЕФА натпреварувањата важи правилото за гол на гости, и Борусија и Ливерпул се и тоа како во игра за пласман во полуфиналето. Реваншите се закажани за среда, 14 април.

Вечерва се играат и преостанатите два четвртфинални натпревари, а се среќаваат Баерн - ПСЖ и Порто - Челси.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе