Сити против Јунајтед без Компани и Отаменди

Капитенот на Манчестер Сити, Венсан Компани, еден месец ќе биде надвор од тимот откако во вторникот ја обнови повредата на листот, соопшти менаџерот на „граѓаните“, Мануел Пелегрини. Компани се повреди на мечот со Динамо Киев во Лигата на шампионите, а покрај капитенот мечот предвреме го заврши и неговиот партнер од одбраната Николас Отаменди.

Компани, од доаѓањето во Сити во 2008 година, неверојатни 14 пати ја обновува истата повреда, поради која сезонава настапи на само 13 натпревари во Премиер лигата.

Компани е исклучително значаен играч за Сити. Без него во тимот, Харт прима гол на секои 70 минути, а кога е Компани во тимот, мрежата на „граѓаните“ се тресе на 156 минути.

Дополнителен проблем за менаџерот Пелегрини претставува и повредата на вториот дефанзивец Отаменди.

Повредите на двајцата клучни играчи во одбраната доаѓаат пред веројатно најзначајниот меч во сезоната за Сити, дербито со Манчестер Јунајтед.

реклама

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе