Сити вработил татко на фудбалер за да седи дома

Премиерлигашот ги негира обвинувањата упатени од страна на Бразилец чиј син тренирал во клубот пред десетина години.

Манчестер Сити се соочува со нов скандал. Наводно измислиле работна позиција за еден татко од Бразил само за да можат неговиот син да го зачуваат во клубот.

Во 2011 година 14-годишниот Габриел Фернанду Алмејда бил премлад за клубот да му понуди професионален договор, но важел за доста просперитетен играч, па „Граѓаните“ барале начин како да го задржат.

Проблем е што аматерските договори не ги обрзуваат играчите да останат во клубот, а тоа значело дека талентираниот Бразилец штом ќе наполнел 16 години би можел да избега во друг клуб.

Затоа, Манчестер Сити на неговите родители им исплатил парични средства, а за исплатата да биде легална го вработиле таткото во клубот и тоа на работно место кое го измислиле само за него. Таткото ни ден не минал на работа, но на сметката секој месец му стигнувала плата. Нешто како државна адмистрација за одредени привилегирани граѓани во Македонија.

„Вистината е дека тие ме плаќаа, а јас ништо не работев. Всушност, ни направија финта бидејќи не знаевме англиски. Ми договорија да посетувам курс за скаут. Двапати отидов на предавања, беа внатре во клубот“, вели таткото на фудбалерот.

Клубот ги негира обвинувањата и тврди дека таткото сепак бил скаут извесен период.

„Со оглед на малкуте потатоци кои постојат од пред речиси цела декада, стои дека г-дин Алмејда бил обичен скаут одреден период додека Габриел бил во клубот, за што и бил платен“, се огласи клубот.

На тоа повторно се јави таткото: „Ма каков скаутинг, јас не работев ништо. Сѐ беше лага. Тие знаеја, знаат сѐ. Ме запишаа како вработен. Нема шанси клубот да не знаел за тоа“.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе