AS: Ситуацијата во Реал го турка Модриќ на терен

Реал Сосиедад и Реал Мадрид од 21 часот ќе одиграат натпревар од петтото коло на Ла Лига.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, има големи проблеми во пресрет на гостувањето во Сан Себастијан бидејќи дури осум негови играчи се повредени. Меѓу нив се играчите од средниот ред Џуд Белингем (повреда на мускулот), Едуардо Камавинга (повреда на коленото), Орелјан Чоамени (повреда на стапалото) и Дани Себаљос (истегнување на скочниот зглоб).

Шпански AS затоа најавува дека во стартниот состав сигурно ќе биде капитенот Лука Модриќ (39), кој сезонава забележа пет настапи за Реал. Стартер беше само против Лас Палмас, а играше против Мајорка (27 минута), Реал Ваљадолид (21 минута) и Бетис (шест минути) во шпанскиот шампионат и Аталанта (14 минути) во Суперкупот на УЕФА.

„Комилото ќе биде во рацете на Лука, кој стартуваше само еднаш оваа сезона, против Лас Палмас. Сега кога Камавинга, Чуамени и Белингам се во амбуланта, ситуацијата го турка на терен, нема дебата. Валверде ќе му помага, тој ќе игра подефанзивно од вообичаено“, вели AS, додавајќи дека единствениот сомнеж кај Анчелоти е дали да стартува Арда Ѓулер или Брахим Дијас од првата минута.

Модриќ пред пет дена наполни 39 години

Да потсетиме, Модриќ минатата сезона стана резервен играч на Реал, додека летово потпиша нов, едногодишен договор. Пред пет дена го прослави својот 39-ти роденден, а ден претходно постигна одличен гол од слободен удар за победа на Хрватска над Полска (1:0) во второто коло од Лигата на нации.

Тој во мадридскиот клуб пристигна во 2012 година и досега освои сè што можеше. Откако летово Начо Фернандес го напушти клубот, Модриќ стана прв капитен.

AS соопштува дека во стартните 11 на Реал Сосиедад ќе биде и Лука Сучиќ, 22-годишниот хрватски репрезентативец и офанзивен играч за врска кој летово пристигна од РБ Салцбург. Тој потпиша петгодишен договор и досега забележа еден настап, седум минути против Рајо Ваљекано. Против Реал, значи, би можел првпат да стартува од првата минута.

реклама

Кои се првите симптоми на венска болест?

Read more
Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Read more
Хан: Го видов невозможното во Македонија

Хан: Го видов невозможното во Македонија

Read more
Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Read more

Фудбал

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Read more

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Read more

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Read more

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Read more
 

Спорт

Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Читај повеќе

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Читај повеќе
  • play_arrow

Се наѕира првиот финалист: Њујорк повторно шокиран на домашен терен

Читај повеќе

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Читај повеќе

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Читај повеќе

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Читај повеќе

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Читај повеќе

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Читај повеќе

Спортот никогаш повеќе нема да биде ист? Стартува Олимпијада за допингувани

Читај повеќе