Филм & ТВ

Сѐ што е погрешно со „Glass“

14. јуни 2019 - 10:58 | А.С.

Психолошкиот трилер „Glass“ од 2019 на сценаристот, продуцент и режисер М. Најт Шјамалан е кросовер и продолжение на претходните филмови на Шјамалан Unbreakable (2000) и Split (2016).

Во филмот, што беше последниот дел на трилогијата, играат Брус Вилис, Семјуел Л. Џексон, Спенсер Трит Кларк, Шарлејн Вудард, Џејмс Мекавој, Ања Тејлор-Џој, Сара Полсон, Адам Дејвид Томпсон и Лук Кирби.

Филмот заработи 247 милиони долари на киноблагајните ширум светот, со буџет за снимање од 20 милиони долари.

Иако првите два филма наидоа на одлични реакции од публиката и критичарите, „Glass“ сепак доби „генерално неповолни мислења“ од критичарите кои го оценија како „разочарувачки“ и „невозбудлив“.

Дечките од Cinema Sins решија да го прегледаат филмот и најдоа 136 филмски гревови.

Погледнете ја нивната анализа и кажете ни дали се согласувате.

Коментирај