Филм & ТВ

Сѐ што е погрешно со „Limitless“

18. јули 2019 - 20:58 | А.С.

Научно-фантастичниот трилер од 2011 година со Бредли Купер во главната улога воопшто не ги фасцинираше дечките од Cinema Sins.

Филмот базиран на романот „The Dark Fields“ на Алан Глин ја следи приказната на пропаднатиот писател Едвард Мора (Купер) кој ќе земе нова дрога наречена NZT-48, што ќе му овозможи неограничено користење на потенцијалот на неговиот мозок.

Филмот заработи 161 милиони долари на буџет од 27 милиони, а во септември, 2015 година почна да се емитува серија под истиот наслов, во која дејството продолжува таму каде што застанува филмот. Серијата беше откажана после една сезона.

Од Cinema Sins има „оцена“ од 143 филмски гревови.

Коментирај