Фит

Сѐ што треба да знаете за Хроно диетата (1)

16. мај 2017 - 11:45 | А.С.

Сакате да слабеете, но не да се прегладнувате? Да јадете, а сепак да губите килограми? Ако не верувате дека постои таква диета, не сте ја пробале Хроно диетата.

Хроно режимот на исхрана е базиран на правилото дека одредени типови на храна треба да се внесуваат во конкретно време. Хроно диетата се темели на јадење согласно дневниот ритам на телото.

Тоа значи дека во текот на денот во различни периоди ќе се лачат различни хормони и ензими што помагаат во варењето на храната, па ние тгреба да одговориме со соодветна храна што тие ја разградуваат.

Телото наутро лачи инсулин, значи треба да се одбегнува внесување шеќери наутро бидејќи тоа ќе го оптовари панкреасот.

Значи, може да јадете сѐ, но во конкретно време од денот и во соодветна комбинација. Целта на Хроно диетата е да се воведе редовен и здрав метаболизам и да се научи дека секоја храна не може да се јаде во секое време од денот.

Правила на Хроно диетата

1. Повеќето видови храна се дозволени и не е важна количината (нема прегладнување)

2. Конкретната група на храна се јаде во конкретен период од денот

3. Се намалува внесувањето храна со висок глихемиски индекс (храна што нагло го зголемува нивото на шеќер во крвта) и прости шеќери

4. Оброците треба да се јадат во интервал од 4 до 6 часа (идеално е да се јаде во интервали од 5 часа)

5. Диетата е главно базирана на лачењето на хормоните кортизол и инсулин и на ензимите за варење (што се лачат во различни периоди од денот)

6. Има три главни оброци (појадок, ручек и вечера) и ужинка

7. За време на режимот на исхрана е забрането да се јаде во периодите меѓу оброци, дури и грицкање

8. Појадокот е најобилниот оброк

9. Забрането е внесување шеќери за појадок (овошје, мед или што било друго слатко не смее да се јаде за појадок)

10. Забрането е внесување кравјо млеко, јогурт, растителни масти и сирење, маргарини, печива

11. Благото, вклучувајќи го овошјето, се јаде попладне како ужина

12. Има период на рестрикција (особено за луѓето кои сакаат да изгубат повеќе килограми) што трае најмалку еден месец

13. Одбегнувајте готвен зеленчук што содржи скроб бидејќи со термичката обработка се зголемува глихемискиот индекс на оваа храна (на пример, свежите моркови се подобри од варени)

14. За време на диетата не смее да се пијат газирани пијалоци

15. Комбинацијата од протеини и јаглехидрати е дозволена само за појадок

16. За време на диетата не смеете да јадете леб, тестенини, зеленчук што содржи скроб или ориз по 15 часот

17. Од алкохолни пијалоци дозволено е само црвено вино

18. Пожелно е да внесувате што е можно повеќе течности (вода и незасладени билни чаеви)

Хроно диетата не е класична диета, туку треба да стане долгорочен начин на исхрана за вас.

Во вториот дел од серијалот ќе прочитате што значи периодот на рестрикција и ќе најдете мени по кое може да ја следите Хроно диетата.

Коментирај