Интернет

Сѐ што треба да знаете за криптовалутите, на едно место

13. февруари 2018 - 12:10 | К.З.

Дали имате чувство дека колку и да истражувате, ништо не ви е јасно околу биткоин, криптовалутите и како тие функционираат? За среќа, одредени луѓе се потрудиле да ги средат сите информации кои ви се потребни и да ги стават на едно место.

Постоењето на веб-страница каде се наоѓаат сите информации за криптовалутите не значи дека ќе успеете да го апсорбирате целото тоа знаење за многу брзо време. Напротив, веројатно ќе ви биде потребно повеќе од една недела константно проучување на секој од деловите кои ги опкружуваат криптовалутите, но барем е добро кога знаете од каде да почнете.

Andreessen Horowitz, компанијата со седиште во Силициумската долина која поседува акции во Twitter, Facebook, Airbnb, Lyft и многу други, неодамна објави база на податоци кои тие ја нарекуваат „Crypto Canon“, каде се содржани сите информации кои ќе ви бидат потребни за полесно да го научите пазарот на криптовалути, како тој работи и како тие се користат.

Тоа е еден вид на листа од линкови и статии кои ја покриваат секоја можна тема која се врти околу биткоин, криптовалути – од самиот почеток, системот на кој тие функционираат, па сѐ до овој момент, кога овие валути доживуваат секојдневни подеми и падови на пазарот на вредност.

„Crypto Canon“ е поделен на делови, почнувајќи од „Building Blocks and Basics“. Тука се вклучени блогови, статии и YouTube видеа кои објаснуваат основни концепти како биткоин, Ethereum и blockchain. Помеѓу најважните делови е „Foundations (and History)“, каде се објаснуваат почетоците на самите валути и нивната намена.

Ако добро ја проучите оваа веб-страница, ќе бидете чекор поблиску до излегување од „темнината“ на незнаењето и еден чекор поблиску до правење на вашето прво крипто-богатство.

Коментирај