Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поднесе претставки до Советот за утврдување факти против судиите Татјана Михајлова и Елена Илевска Јосифовиќ.
Со претставките се бара да се испита работата на судиите од аспект на нестручно и несовесно вршење на функцијата. Судијата Јосифовиќ се јавува во случајот „Трезор“ во предистражна постапка, додека поранешната в.д. претседателка на Кривичен, Татјана Михајлова го води случајот за нарачаните шамари во Центар каде првообвиент е екс-премиерот Никола Груевски.