СЈО бара притвор за Тони Јакимовски, обвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“

Во пакетот жалби што ги разгледува денес Апелациониот суд се најде и таа на Тони Јакимовски, поранешен шеф на Кабинетот на директорот на Управата за безбедност и контраразузнување, кој е обвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.

Јакимовски се жали за одземање на пасошот, а СЈО за тоа што  му е одземен само пасошот, иако тие бараа да му се определи притвор. Процесот го водат судиите  Љиљана Ивановска Шопова, Сафет Кадрии и Цветанка Периќ.

Обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, побара на Јакимовски да му се изрече мерка притвор  бидејќи постои  очигледна опасност  да побегне,  со оглед на тоа дека има  работен ангажман во Романија, во меѓународниот центар СЕЛЕК. Покрај тоа, нагласи Ристоска, тој има дипломатски пасош и може да го искористи.

Како поранешен началник за координација, додека бил шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, рече Ристоска, тој може да влијае врз сведоците, бидејќи дел од нив биле под негова хиерархија. Покрај тоа, образложи таа, кривичното дело што му се става на товар е сериозно, со две споени истраги.

Петар Василев, еден од адвокатите на Јакимовски, изјави дека наодите од жалбата на СЈО се неосновани бидејќи  Јакимовски работи во центар каде што се поврзани 12 полиции и 12 царини и ако судот му определи притвор, тој ќе ја загуби работата, така што Македонија ќе загуби професионалец. Тој уште додаде дека Јакимовски синоќа се вратил од Америка само за да се појави во судот.

Трајче Пеливанов, обвинител на СЈО, објаснувајќи ја тежината на стореното дело соопшти дека штетата од уништувањето на опремата за прислушување, на што се однесува обвинението, е  1,4 милиони евра и дека таа е потврдена од вештаци.

Василев се спротивстави со оценка дека вештачењето било  извршено спротивно на Законот за кривична постапка. Јакимовски, пак,  тврдеше дека не е виновен, дека не одбегнал ниту едно соочување во СЈО и дека нема  контакти со посочените сведоци.

„Ме товарат за потпишани документи. Јас не бегам од правдата. И покрај честите патувања, се јавувам во СЈО“, рече тој.

Јакимовски е еден од двајцата началници во УБК  што е обвинет во предметот „Тврдина“, покрај  ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Тие во 2015 година противзаконски уништиле системи за следење на комуникации, при што е нанесена штета на државата во висина од околу 10 милиони евра. Истите системи претходно биле користени за незаконско следење и прислушување.

Случајот „Таргет“ се однесува на прислушувањето на  илјадници луѓе во периодот од 2008 до 2015 година од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање. Вкупно десет лица, дел од кои поранешни високи функционери се осомничени дека го организирале и го координарале незаконското прислушување.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе