СЈО го објави шестмесечниот извештај - бара да биде автономна институција

Скопје, 14 септември 2018 (МИА) - Специјалното јавно обвинтелство го објави извештајот за своето работење во периодот од 15 март 2018 година до 15 септември 2018 година, во кој се наведува дека во овој извештаен период конечно започнаа судските рочишта по сите обвиненија поднесени од страна на ова Јавно обвинителство и одобрени од страна на судот.

- Пресудите донесени во текот на шестиот извештаен период против три лица во два различни предмети, како и пресудите донесени од страна на Апелацискиот суд Скопје со кои се потврдени првостепените пресуди против вкупно пет лица ја потврдија оправданоста на поднесените обвиненија во смисла на кривичните дела кои им се ставаа на товар на обвинетите, се наведува во извештајот од СЈО.

Во извештајот пишува дека СЈО очекува во претстојниот период од надлежните институции да се превземат потребните мерки и законски услови ова обвинителство да се инкорпорира во Јавното обвинителство на Република Македонија како самостојна институција, која ќе има автономност во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење на кривични дела на корупција од висок профил.

-  СЈО е на ставот дека во периодот до истекување на законскиот мандат на ова Јавно обвинителство треба единствено да се направат соодветни подготовки за прилагодување на законските норми со кои би се овозможила интеграција на СЈО во Јавното обвинителство на Република Македонија. Од овие причини сметаме дека по 2020 година со имплементација на соодветни законски решенија кои би се донеле е потребно на ова Јавно обвинителство како самостојна институција во јавнообвинителскиот систем на Република Македонија да му се овозможи автономност во постапувањето, и тоа не само по делата од сегашната негова надлежност, туку да добие надлежност и за гонење на кривични дела на корупција од висок профил, стои во извештајот.

Од СЈО посочуваат дека во идниот период судот поинтензивно ќе ги закажува рочиштата по одобрените обвиненија со што ќе  се овозможи во соодветни судски постапки да ги докаже кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со поднесените обвиненија.

- Чувствуваме обврска да го потенцираме ова ценејќи дека судот мора да ја има во предвид сериозноста на кривичните дела кои се предмет на обвиненијата поднесени од страна на ова Јавно обвинителство со цел обезбедување непречено водење на судските постапки, како и избегнување на нивното непотребно одлагање. Во оваа прилика повторно ја истакнуваме обврската за воздржување од постапување кое е насочено кон успорување на правдата, стои во извештајот.

Од СЈО посочуваат дека во идниот период покрај учеството на судските рочишта, како резултат на опсегот на дејствија преземени во отворените предистражни постапки ќе отворат истраги за предмети во кои утврдувањето на вистината, како и обезбедувањето на кривичната правда е од големо општествено значење и од исклучителен интерес за граѓаните на Република Македонија. 

Во извештајот е наведено дека заклучно со поднесувањето на овој извештај предмет на анализа била содржината на 545.900 аудио фајлови, односно во обработка се 90 отсто од вкупниот број на аудио фајлови со кои располага ова Јавно обвинителство.

- Во извештајниот период јавните обвинители учествуваа во вкупно 177 постапувањa пред судовите во Република Македонија, од кои 172 рочиштa за главна расправа пред Основниот суд Скопје 1 Скопје и пет јавни седници пред Апелацискиот суд Скопје. Во извештајниот период по предметите оформени по поднесување на обвиненијата од вкупно закажани 177 рочишта по сите предмети, одложени се вкупно 54 рочишта, што претставува речиси една третина од вкупниот број на закажани рочишта, стои во извештајот.

Во контекст на наведеното, по обвинителниот предлог по предметот познат како „Насилство во општина Центар“, судската постапка веќе трае две години, што не е вообичаено за судење по обвинителен предлог. Ажурноста во судското постапување, како што посочуваат од СЈО, досега е единствено забележителна во судските постапки „Тенк“ и „Триста“, за кои немаше одлагање на рочиштата и веќе се донесени пресуди.

Специјалното јавно обвинителство во шестиот шестмесечен извештај за сработеното објави дека донело решение за непреземање на кривично гонење на обвинетиот Звонко Костовски, за кривичното дело „неовластено прислушување и тонско снимање“ во предметот „Пуч“.

- Со поднесок од 17.07.2018 година доставен до Основниот суд Скопје 1 Скопје, јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ја повлече Предлог-спогодбата спрема обвинетиот З.К., во однос на кривичното дело Неовластено прислушкување и тонско снимање. Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на 15.08.2018 година донесе и Решение за непреземање на кривично гонење на З.К. за кривично дело Неовластено прислушкување и тонско снимање, стои во извештајот на СЈО.

Целиот извештај на СЈО можете да го преземете на линкот: 

http://www.jonsk.mk/wp-content/uploads/2018/09/%D0%98%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98-%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D0%B4-15.03.2018-%D0%B4%D0%BE-15.09.2018.pdf

СЈО објави и Посебен извештај што може да го преземете на линкот:

http://www.jonsk.mk/wp-content/uploads/2018/09/%D0%9F%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B1%D0%B5%D0%BD-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98.pdf

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе