СЈО: Груевски знаел дека го прислушуваат – користел кратенки и ги предупредувал соговорниците

Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова на јавната седница во Апелацискиот суд на која се одлучува дали прислушуваните разговори може да се користат како докази во предметот „Титаник“, рече дека првообвинетиот Никола Груевски знаел дека го прислушуваат затоа што користел кратенки и ги предупредувал соговорниците. Таа рече дека „бомбите“ треба да бидат користени како доказ за заштита на јавниот интерес.

„Овие 1.063 ‘бомби’ содржат комуникација на обвинетите. Ниту еден разговор од овие 1.063 не е на штета на приватниот живот на обвинетите. Тоа е комуникација меѓу Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Никола Груевски кои не смеат да бидат третирани како приватни разговори. Никола Груевски користи кратенки и ги предупредува соговорниците да користат кратенки што укажува на тоа дека му било познато дека го прислушуваат“, рече специјалната обвинителка.

На денешната седница во Апелацискиот суд Груевски не се појави. Во судницата присутни се шест адвокати, Јанкулоска и Јанакиески. СЈО бара жалбата да биде уважена, а решението на првостепениот суд да биде одбиено и „бомбите“ да бидат прифатени како доказ.

Специјалната обвинителка Стефанова рече дека адвокатите на Груевски, Јанакиески и Јанкулоска приговарале кон обвинението и навеле дека тие се амнестирани од претседателот на државата.

Некои од помилуваните екс-функционери кои се обвинети во случаите на Специјалното јавно обвинителство повторно бараат спас во одлуките за помилување дадени од претседателот на државата. Обвинетите преку адвокатскиот тим поднеле приговори до судот, во кои наведуваат дека сè уште е во сила одлуката на Иванов за помилување бидејќи сметаат дека поништувањето на аболициите не може да важи ретроактивно.

Адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов, рече дека ако судот ги прифати бомбите, ќе се направи силно зло до степен на срам кон граѓаните и правниот поредок.

„Не може со незаконити докази да се води законска постапка“ рече адвокатот на Груевски.

Адвокатот Боро Тасевски пак рече дека ако се прифатат ‘бомбите’, ќе се прекрши Конвенцијата за човекови права, Законот за следење на комуникациите и Законот за кривична постапка.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе