Македонија

СЈО нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков

23. октомври 2018 - 14:00 | МИА

Скопје, 23 октомври 2018 (МИА) – Специјалното јавно обвинителство (СЈО) нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков, информираат за МИА од СЈО.

Претходно и од Основниот суд Скопје 1 за МИА потврдија дека Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на Сашо Мијалков.

„Во однос на информациите поврзани со лицето С.М обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1 информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни“, појаснуваат за МИА од Основниот суд Скоје 1.

Инаку, некои од медиумите објавија дека на поранешниот директор на контраразузнавањето Мијалков му е вратен пасошот.

Коментирај