СЈО: Претседателот на ВМРО ДПМНЕ е првоосомничен во „Талир“

Специјалното јавно обвинителство отвори нов случај „Талир“ за нелегално финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во кој се осомничени 14 лица.

На прес-конференцијата обвинителката Фатиме Фетаи рече дека првоосомничениот, претседател на партијата, овозможил партијата незаконски да се финансира во периодот од 2009 до 2015 година.

„Првоосомничениот како претседател на партијата ги знаел законите, тој овозможил финансирање спротивно на законските одредби. Мотивите биле од лична природа, за зацврстување на личната функција. Постои основано сомнение дека првоосомничениот незаконски се финансирал, не ги вратил парите кај лицата или во буџетот на РМ туку си ги задржал и овозможил комулирање на незаконски капитал за партијата. Тој сторил кривично дело злоупотреба на службената должност. Тој со цел да може да овозможи финансирање формирал група која се занимава со перење пари и овозможиле парите преку општинските комитети да бидат внесени во буџетот на партијата. Од 2009 до крајот на 2015 година преку готовински уплати биле внесени речиси 4.900.000 евра. Дел од осомничените ги пријавувале овие уплати како легални, а потоа незаконските пари ги преземале во име на партијата, а плаќале и преку жиро-сметката. Плаќале сметки, хотелски услуги, купување недвижен имот, 71 договор за недвижен имот од незаконски стекнатите средства. Дел од купениот имот не е за партиски цели и нема партиски обележја. 11 лица сториле кривично дело перење пари, 9 лица како директни извршители, двајца како помагачи. Ова не бил единствен начин. Првоосомничениот овозможил да бидат обезбедени услуги од ДГ Бетон АД Скопје, правно лице кое имало склучено договор за јавни набавки.

За зградата на ВМРО-ДПМНЕ 424.733.242 денари, а 131.308.398 на сметка на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи вршеле услуги од јавни набавки, не можеле да бидат инвеститори, со што првоосомничениот требало да одбие“, рече Фетаи.

Во истрагата вкупно се осомничени 14 лица, а како што рече обвинителката „оваа обемна истрага покажа дека иако ВМРО ДПМНЕ се покажувале како совесни, ја искористиле партијата и креирале мислење дека тие не вршеле криминал“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе