СЈО: Сите документи за „Империја“ се сочувани, нема поплава туку пукната цевка

Скопје, 12 март 2019 (МИА) –  Сите документи од предметот „Империја“ се сочувани, потврди за МИА обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова, по информацијата објавена во некои медиуми дека дел од документите собирани како докази за три предмети, биле поплавени. Од СЈО велат дека не се работи за поплава, туку за прскање на една цевка од парно греење во сутеренски простори, а не во подрум.

Од СЈО посочуваат дека сите документи се скенирани и се чуваат и во електронска форма, а по целосниот увид на документацијата во однос на предметите „Триста“ и „Шпион“, доколку има потреба за некој од документите, тие ќе бидат обновени.

-Tочно е дека поради дотраеност на сѐвкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, протече една од цевките на тој систем, при што беше зафатена дел од документацијата на неколку предмети кои се водат од страна на ова Јавно обвинителство, меѓу кои на „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Притоа, треба да се има предвид дека во ова Јавно обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не биле ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување. Во моментот се испитуваат причините за конкретниот дефект и се спроведува внатрешна процедура со цел да се изготви попис и проценка на вкупната штета. Инаку, од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите осигурени се како објектот, така и опремата, наведуваат од СЈО. Истиот одговор, во пишана форма, посочуваат од СЈО, го дале и на прашање од новинар за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Во случајот „Империја“ кривично се гонат 13 лица, меѓу кои и бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Цветан Панделески, како и Сашо Мијалков. Тие се сомничат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.

Во предметот „Триста“ што се однесува на набавката на возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на девегодишна затворска казна беше осуден поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.  Но, Апелација ја укина првостепената пресуда, а случајот го врати на повторно судење.

Во случајот „Шпион“ кој е вратен на повторно судење, осомничени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе