СЈО треба да ја задржи својата независност, смета Дескоска

Скопје, 11 јануари 2019 (МИА) – Специјалното јавно обвинителство треба да ја задржи својата независност, бидејќи се покажа како одлично решение и тоа не треба да се изедначи во рангот на Обвинителството за организиран криминал, рече министерката за правда Рената Дескоска на денешниот брифинг со новинарите.

„Сметам дека  политичките партии треба да дадат поддршка за одржување на капацитетот на СЈО и на неговите надлежности, со оглед дека во изминатиов период е вложено во тренинзи и едукација во ова Обвинителство.  Значи, Обвинителство кое ќе има одредени гаранции на независност и на автономно одлучување кое покажа резултати во Македонија и треба да го задржиме“, изјави Дескоска

Појасни дека на ЕНЕР се објавени верзии изработени од работните групи во делот на надлежноста на СЈО, околу тоа дали ќе се врзе нивната надлежност само за носители на јавни функции.

„Се разгледува и опција околу тоа дали би можеле да ја врземе надлежноста не само околу круг на луѓе, туку и околу висина на штета или висина на корист со цел да имаме уште подобро разграничување во оние случаи каде се вклучени носители на јавни функции но и на други лица. Така и тоа може да влезе како варијанта“, рече министерката за правда.

Според неа, за оние постапки што се во фаза на обвинение нема дилема дека треба да продолжат во рамки на СЈО.

„Во делот што се однесува на истрагите, таму е вложен труд од СЈО и тука не треба да се дозволи да има практично амнестирање на кривични дела со измени на закон. Во тој дел ќе мора да водиме сметка да се направи прецизна одредба што ќе даде можност делата што биле направени и кои биле во фаза на истрага да ги продолжи. Кој ќе продолжи, дали Обвинителство за организиран криминал или СЈО, тоа ќе биде дефинирано според надлежностите што ќе бидат распределени меѓу овие две обвинителства“, додаде Дескоска.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во неодамнешното интервју за МИА рече дека се залага да има единствен закон во кој ќе се инкорпорира и работата на СЈО како посебно обвинителство во мрежата на Јавни обвинителства.

„Моја заложба е СЈО во делот на кривичните дела за кое е основано да ја задржи досегашната самостојност за тие кривични дела, а со оглед дека му се додава нова надлежност за кривични дела од областа на корупцијата од избрани и именувани лица и потешки кривични дела, за таа надлежност да важат општите правила како и за другите обвинителства. Се разбира дека за определени постапки треба  да се определи негова самостојност, но особено сметам дека е суштествено да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на ова обвинителство“, смета Јовески.

Во јавноста се уште нема финален предлог законско решение. Позната е само верзијата предложена од работната група при Министерството за правда, а предлози има и од СЈО и од политичките партии.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе