Скандал го тресе Париз: Помошник на Макрон нападна демонстрант

Помошник на францускиот претседател Емануел Макрон, задолжен за безбедност, нападна млад учесник на првомајските протести, при што носеше полициски шлем.

Ова е откриено дури неодамна, после објавување на видео-снимка, а поради овој инцидент помошникот е суспендиран на две недели, изјави денеска портпаролот на Макрон.

Опозиционите лидери, како и дел од јавноста, меѓутоа, го критикуваат Макрон, бидејќи сметаат дека казната за ваквото однесување на неговиот помошник, Александар Бенале, е премногу блага, откако на социјалните мрежи е објавена снимка, на која се гледа како Бенале влече една жена, а потоа напаѓа и тепа младо момче.

Во одговор на критиките од јавноста, портпаролот на владата во Франција, денеска рече дека суспензијата без плата и промената на надлежноста на Александар Бенале, всушност е „најтешката“ казна, која некогаш му е изречена на некого во претседателската палата.

„Помошникот Александар Бенале, доби дозвола на протестите да присуствува само како набљудувач. Тој, очигледно, дејствуваше и надвор од своите овластувања. Веднаш доби повик од шефот на претседателскиот кабинет и доби суспензија од 15 дена. Тоа е казната за неприфатливо однесување“, соопшти портпаролот Бруно Роже-Пети.

Покрај тоа, неименуван правосуден функционер, изјави дека е отворена прелиминарна истрага, поради „насилството кое го спроведе некој, кој е задолжен за мисија во јавната служба“, помеѓу другото.

 

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе