Скандал „Македонија“: Екс-директорката на Агенција за филм ја оштетила државата за 68 милиони денари

За кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето поранешната директорка на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска-Илиевска, заработи кривична пријава од Управата за финансиска полиција.

Пријавата е поднесена во консултација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое констатирало дека во периодот од 26.10.2016 до 18.9.2017 година Илиевска со пречекорување на своето службено овластување склучила анекс-договор, со кој извршила промена на условите на основниот договор за финансирање на проектот – играната серија „Македонија“, во вредност од 283.000.000 денари, при што го намалила бројот на епизоди од 130 на 80, без притоа да изврши намалување на цената.

Со тоа ја зголемила вредноста на проектот 62 отсто, односно 109.000.000 денари во корист на Винко Грубишиќ, продуцент на „Јадран филм“ и државјанин на Хрватска.

Ова беше објавено на денешната прес-конференција во Управата за финансиска полиција, која подолго време го истражува скандалозниот проект кој од државата можеше да одлее 4,2 милиони евра. Директорот на Управата за финансиска полиција рече дека во соработка со хрватските колеги се расчистува и одливот на парите во фирмите во Хрватска, каде што завршиле најголем дел од средствата, за каква намена се користени и со каква дејност овие фирми се занимаваат. Досега е констатирано дека 3 од фирмите каде што се префрлени парите се во стечајна постапка.

Спротивно од член 4, став 1 и став 5 од основниот договор, со кој е предвидена динамиката на исплата да се врши до најмногу 20 отсто од паричните средства за развој и подготовка на производство на проектот за играната серија „Македонија“, Илиевска склучила анекс-договор и доделила парични средства во износ од 80 отсто од вкупниот износ од 85.000.000 денари за првата сезона и донела решение и исплатила 68.000.000 денари. Притоа таа не вршела континуирана контрола, надзор на наменското трошење на исплатените средства и не водела сметка за динамиката на исполнување на обврските, односно снимањето на серијата, без осигурување на исплатените средства, со што им овозможила на Грубишиќ и на „Јадран филм“ да се стекнат со противправна имотна корист на штета на буџетот за износ од 68.000.000 денари.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе