Скандал: На 12.000 лица со години не им биле префрлани средства во вториот пензиски столб

Скопје, 27 јануари 2019 (МИА) – На 12.000 вработени, осигуреници на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и идни пензионери, кои се во двостолбниот пензиски систем, повеќе години не им биле префрлани средствата во вториот столб, со што секој од нив поединечно изгубил околу 400.000 денари.

Пакетот докумети од анализата со која се утврдила состојбата ќе бидат достави до основното јавно обвинителство. Владата, пак, во Буџетот за годинава обезбедила 19 милиони евра за да ги обесштети овие граѓани.

– По направената анализа на пензискиот систем заедно со меѓународните финансиски институции се утврди скандалозна неправда што се однесува на 12.000 осигуреници или идни пензионери. На овие 12.000 лица воопшто придонесите не им биле префрлани кон вториот столб иако работодавачот го уплаќал придонесот. Финансиските средства останувале во пензискиот систем во првиот столб. Секој од овие граѓани со просечна плата меѓу 2007 и 2018 година изгубил околу 400.000 денари, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа појасни дека со по утврдената состојба со пакетот законски измени кои ги понудило МТСП за стабилизација на пензискиот систем, се создала можност на овие граѓани да им се вратат средствата или да се обештетат.

-Обезбедивме 19 милиони евра во 2019 година со цел, не само да се втратат придонесите кои не им биле префрлани во вториот столб, туку и приносот што требало да ја остварат во изминатиот период, рече министерката.

Овие осигуреници вои наредниот период ќе добијат писма од пензиските друштва и од МАПАС дека се распоредени и имаат индивидуална сметка, со што се овозможува да имаат целосна пензија кога ќе се пензионираат.

Министеката рече дека станува збор за релативно млада група работници или осигуренци, во најголем дел на околу 40-годишна возраст, со први вработувања. Меѓу осигурениците има вработени и во јавниот и во приватниот сектор. Најголемите задршки, според Царовска, биле правени меѓу 2009 и 2010 година.

Таа не скаше да коментира на што се должи и кој е одговорен за ваквото не префрлање на средствата на осигурениците. Ќе ги доставиме сите документи до ОЈО, рече, кое треба да истражи зошто во тој даден перод средствата не биле распоредувани и каде завршувале.

-Пензискиот систем се вклучува многу институции, Агенцијата за вработување на РМ, МАПАС, Фондот за ПИОМ и други кои требало да утврдат дека тоа се случува и да преземат нешто. Пензискиот систем е сложен и голем систем, затоа сакам ОЈО да го истражи ова, да навлезат во системот, зошто и кога почнало и каде е одговорноста, ако утврдат, рече Царовска одговарајќи на новинаско прашање дали вината може да се лоцира во Фондот за ПИОМ со оглед дека тоа е институцијата која ги добива средства од придонесите и потоа ги распределува.

Министерката за труд рече дека и претходните структури на власта биле запознаени дека ова се случувало но оти никој не се осудил да го реши проблемот.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе