Скандал: Парите се дадени, серијата „Македонија“ ја нема

Скандалозни детали поврзани со снимањето на серијата „Македонија“ за која нашата Агенција за филм пред две години ветила фантастични 4,6 милиони евра, а исплатила 1,2 милион, беа изнесени на денешниот брифинг во Владата со директорот на Агенцијата, Горјан Тозија, и владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Владата е децидна дека по тримесечната анализа на документите и констатирани низа правни неправилности, договорот со продуцентот „Јадран филм“ се раскинува, а за правните неправилности, финансиската штета и другите неправилности работата ја преземаат институциите на системот, финансиската полиција и Јавното обвинителство.

„Ние како Влада, по извршениот увид, на кој нè упати директорот, констатиравме многу нејасни правни дејности поврзани со снимањето на сериjалот ‘Македонија’. За да ја заштитиме државата од натамошни штети, го прекинуваме спорниот договор, а случајот ќе го преземат институциите на системот. Крајниот рок до кој требало да се добие снимениот материјал е 4 септември 2017 година, но тој не е почитуван ниту, пак, до денес е доставен материјал за кој државата платила 68 милиони денари“, рече Бошњаковски.

Тозија се обиде хронолошки да го објасни овој скандал за кој вели е невиден во историјата на македонската продукција. Констатира дека, за жал, наместо на почеток на мандатот на јавноста да ѝ се обрати со убава вест, мора да го обелодени овој контроверзен проект кој многу ја оштетил државната каса.

„Уште по моето назначување на 16 август, веднаш по увидот во документацијата, констатирав многу неправилности и побарав вонреден инспекциски надзор. Пред сè, штетата е направена уште со склучување на договорот. Имено, одобрени се 4,6 милиони евра за проект за кој нема ниту сценарио ниту банкарска гаранција од продуцентот. Се сомневам дека токму за овој проект е направена адаптација на Законот за филмот бидејќи државата не може да даде повеќе од 62 милиона денари за филм, но ова е толкувано како некој друг аудиовизуелен производ“, рече Тозија.

Продуцентот Винко Грубишиќ, односно неговата „Јадран филм“, во Македонија отворил истоимена фирма, на чија адреса, по обидот на инспекцискиот надзор, е констатирано дека се наоѓа угостителски објект. По увидот во тековната состојба, за продуцентот е видно дека основниот влог на Друштвото за филмска и видеопродукција „Јадран филм“ ДООЕЛ Скопје изнесува 5.000 евра, што укажува на фактот дека Агенцијата не располага со доказ за обезбедување на доделените средства.

Да биде уште понејасно, средствата се уплатени 8 дена пред фирмата да биде регистрирана во Скопје.

„Воедно, укажуваме дека малку е необично на правно лице основано со странски капитал од само 5.000 евра да му се додели буџет од 4,6 милиони евра, најголем во историјата на македонската филмска и ТВ-продукција“.

Меѓу другото, за проектот е склучен анекс за измена и дополнување со одлука на Управен одбор од 26.10 2016 година, со кој се менува бројот на епизоди, односно од првично договорените 130, се намалува на 80 епизоди.

„Во текот на постапката за одобрение за намалување на бројот на епизоди, повеќекратно се повредуваат одредбите во Законот за филмската дејност и самиот договор за финансирање на проектот ‘Македонија’, со тоа што продуцентот првин побарал намалување на бројот на епизоди од сезона, а потоа по добивањето одобрување за намалување, ги доставил беспредметните сценарија спротивно на одредбите од предметниот договор.

„Со тоа е направена директна штета во буџетот на Република Македонија за износ од речиси 2 милиона евра“.

Пред два дена на социјалните мрежи се појави трејлер од серијата „Македонија“ за кој Тозија рече дека не го гледал и дека единствено важно е оти во Агенцијата не е доставена копија од договорените епизоди, а секој може што сака да става на „Јутјуб“.

Тој вели дека во двете средби што ги остварил со Грубишиќ, од кого побарал да ги почитува договорите, не видел никаква добра волја за дијалог, во кој Грубишиќ, освен лажни ветувања, не може да оствари ништо друго.

„Станува збор за човек што знае добро да манипулира и да ја извртува вистината. Сепак, документите се тие што ја потврдуваат вистината“, рече Тозија.

Крајниот епилог од оваа приказна се очекува кога Јавното обвинителство ќе го заврши предметот, а во меѓувреме средствата единствено може да се добијат од оние што ќе бидат на сметката на Грубишиќ.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Култура

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Read more
 

Вести

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе