Скандал Скрипал: Трујачот идентификуван како специјалец одликуван лично од Путин

Веб-страница за истражувачко новинарство го објави, како што тврди, вистинскиот идентитет на еден од двајцата осомничени за труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал со нервен гас во Салсбери, Англија.

The Bellingcat group тврди дека мажот идентификуван како Руслан Боширов е всушност полковник Анатолиј Чепига.

Британските служби не го коменираа објавениот текст, а според изворите на BBC, откритието не е спорно.

Чепига (39) бил одликуван на тајна свеченост во 2014 година, со највисоката почест на Руската армија лично од претседателот Владимир Путин, по неговата служба во Чеченија и во Украина.

Со ова се демаскира тврдењето дека двајцата осомничени биле само невини цивили дојдени во туристичка посета на Британија

Чепига и вториот осомничен, идентификуван како Александер Петров, инсистираа дека биле дојдени како туристи во Салсбери каде беа отруени Скрипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија.

Кралското обвинителство ги товари двајцата за обид за убиство на Скрипал и ќерка му, а исто така за нив се издадени европски налог за апсење и црвен налог од Интерпол.

Високиот чин на Чепига е уште една индикација дека нападот бил нарачан од највисоките ешалони на руската влада, теорија што подолго време ја застапуваат британската влада и нејзините сојузници.

Чепига е роден на 5 мај, 1979 година во селото Николаевка, источна Русија. Во 2001 година завршил воена школа и три пати служел во Чеченија каде се закитил со над 20 награди за неговата служба.

Тој служел 17 години во специјалната единица Спецназ, а потоа работел на тајни задачи.

Имал околу 35 години кога го добил Херојскиот орден за „мировната мисија“ во Чеченија, што е исклучително млада возраст за такво одликување.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе