Скандал во Бразил: ВАР во дефект, поразениот бара преигрување

Натпреварот од бразилското првенство помеѓу Васку да Гама и Интернасиунал го одбележа неверојатен настан кога ВАР технологијата не успеа да поништи гол постигнат од преочигледен офсајд.

Васку сезонава грчевито се бори за опстанок и моментално е на 17. место, последното кое води во втората бразилска лига. А, викендов играше против лидерот Интернасиунал, кој полека граби кон титулата.

Интернасиунал поведе уште во 10. минута кога Родригу Дораду со глава заби во домашната мрежа, а судијата Флавиу Родригис досуди гол. На поновената снимка јасно се гледа дека станува збор за преочигледен офсајд, но голот остана. Зошто?

Судиите во ВАР собата му соопштиле на Родригис дека видео-технологијата за проверка на офсајд во тој момент била во дефект, па судијата одличи да го признае голот бидејќи не може да се ослони на ВАР.

„Недозволиво е вакво нешто да се случи, особено не во натпревар на кој една екипа се бори  за титула, а друга за опстанок“, вели Надине Бастус, поранешна бразилска судијка, а сега коментаторка на Grupo Globo.

„Васку да Гама ќе побара поништување на натпреварот со Инренасиунал“, потврди самиот клуб.

URL

Натпреварот заврши 2:0 за Интернасиунал, а при 1:1 Васку промаши и пренал. Сега клубот од Рио побара натпреварот да се преигра поради очигледната грешка на судиите и ВАР, а доколку неговото барање биде одбиено се закани дека правдата ќе ја бара и на Судот за спортска арбитража.

На две кола до крајот Васку има 37 бода и му преостанува гостување кај Коринчјанс, а во последното коло го пречекува Гојас, директен ривал за опстанок. Додека, пак, Интернасиунал в недела игра директен дуел со второпласираниот Фламенгу кому му бега само бод.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе