Скандалите го намалија профитот на Facebook

Facebook го пријави првиот пад на годишниот профит во изминатите пет години, што се должи на низата скандали што ја зафатија компанијата, додека раководството уште се труди да одговори на сѐ поголемата загриженост во врска со безбедноста на податоците и содржините.

Технолошкиот гигант кој сега ги поседува и Instagram и WhatsApp, соопшти дека профитот опаднал за 16% во 2019 година на 8,4 милијарди долари.

Ваквиот пад се случи иако бизнисот за реклами одлично напредува и имаше раст на приходите од 27% во 2019 година.

Вредноста на акциите падна за повеќе од 6% на берзите.

Компанијата Facebook ги вознемири инвеститорите во 2018 година кога предупреди дека нејзините напори за зголемување на заштитата на приватноста и модерирање на соржините на своите платформи ќе се одразат негативно на профитот.

Технолошкиот гигант се соочи со критики за начинот на кој се справи со лажните вести за време на претседателските избори во САД во 2016 година, како со недозволеното споделување податоци со Cambridge Analytica. Меѓу поновите скандалозни одлуки беше онаа дека нема да врши контрола за лажни содржини во политичките реклами на социјалната мрежа.

Во јули, 2019 година, американските регулаторни тела ѝ изрекоа на компанијата рекордна парична казна од 5 милијарди долари по прашање на безбедноста на приватноста на корисниците.

Компанијата вчера соопшти дека се согласила да исплати 550 милиони долари во тужба во Илиноис во врска со користењето фотографии на корисниците за својата технологија за препознавање лица.

Шефот на Facebook , Марк Закерберг, изјави дека очекува компанијата и понатаму да биде под лупа, но додаде дека неговата цел за следната деценија „не е да нѐ сакаат, туку да нѐ сфатат“.

„Ако сакате луѓето да ви веруваат, треба да знаат за што се залагате.“

Facebook пријави приходи од над 70 милијарди долари во 2019 година, што е зголемување во однос на претходната, кога приходите изнесуваа 55 милијарди долари. Но, трошоците беа огромни и скокнаа над 51%, најмногу за подмирување правн спорови и судски трошоци.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе