Скандалот зеде данок: Арми Хамер се повлече од „Shotgun Wedding“

По контроверзиите што избувнаа викендов околу наводна онлајн преписка, актерот Арми Хамер се повлече од филмот „Shotgun Wedding“.

Пораките кои му се припишуваат на актерот говорат за нагони за силување, канибализам и други вулгарности. Хамер стана главна тема на Twitter по серијата објавени експлицитни пораки на Instagram, кои наводно ги испратил на некоја жена, а се објавени анонимно од сега веќе приватниот профил House of Effie.

Тој порекнува каква било поврзаност со преписката.

„Не одговарам на овие глупости, но во насока на тие злобни и лажливи интернет-напади против мене, не можам сега со чиста совест да си ги оставам децата на четири месеци заради снимање филм во Доминиканска Република. Од Lionsgate ме поддржуваат во ова и јас сум им благодарен“, изјави тој за Variety.

URL

Наводите ги потврдија и од продукциската компанија одговорна за филмот.

„Како што наближуваше датумот за почеток на снимањето на Shotgun Wedding, Арми побара да се тргне од филмот и ние го поддржуваме во неговата одлука“, соопштија од Lionsgate.

Љубовната комедија „Shotgun Wedding“ е во претпродукција. Ќе биде режирана од Џесон Мур, сценариото е на Марк Хамер и Елизабет Мериведер, а главната женска улога ѝ припадна на Џенифер Лопез.

Најнов филм на Хамер е „Rebecca“ на Netflix, а се очекува да ја репризира улогата во продолжението на „Call Me by Your Name“ со Тимоти Шаламе и да игра една од главните улоги во серијата „The Offer“ на Paramount Plus TV, приказна за случувањата зад камерата за време на снимањето на култниот „The Godfather“.

Тагови
реклама

Кој е полицаецот кој со три потези спречи трагедија во Капитол хил?

Read more

Рецепт за печен компир стана хит на интернет

Read more

Откажан првиот меч на ракометниот Мундијал

Read more

Нов скандал го тресе Холивуд: Актерот Арми Хамер обвинет дека е канибал и садист

Read more

Филм & ТВ

Карди Би во главната улога во филмот „Assisted Living“

Read more

И Меколи Калкин сака да го избришат Трамп од „Home Alone 2“

Read more

Ребел Вилсон открива: Бев киднапирана, ни се заканија со оружје

Read more

Поради пандемијата: Колку пари изгуби филмската индустрија во 2020?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Дали песна за возачка дозвола ќе биде песната на 2021? Веќе руши рекорди

Читај повеќе

Карди Би во главната улога во филмот „Assisted Living“

Читај повеќе
  • play_arrow

И Меколи Калкин сака да го избришат Трамп од „Home Alone 2“

Читај повеќе

Ребел Вилсон открива: Бев киднапирана, ни се заканија со оружје

Читај повеќе

Поради пандемијата: Колку пари изгуби филмската индустрија во 2020?

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за „Wonder Woman 1984“

Читај повеќе

Скандалот зеде данок: Арми Хамер се повлече од „Shotgun Wedding“

Читај повеќе

Сара Климоска е една од европските Ѕвезди во подем за 2021

Читај повеќе

Нов скандал го тресе Холивуд: Актерот Арми Хамер обвинет дека е канибал и садист

Читај повеќе