На мечот меѓу Карлос Алкарас и Денис Шаповалов, кој заврши со победа за Шпанецот во три сета, се случи и голем скандал откако обезбедувањето на турнирот насилно отстрани фоторепортер од теренот.

Снимка од моментот прикажа Eurosport Polska. На видеото се гледа како четворица членови на обезбедувањето го влечат претставникот на медиумите кој им се спротивстава. Не беа објавени детали за причината за ваков третман кон репортерот.
Во осминафиналето Карлос Алкарас ќе игра против Италијанецот Роберто Музети кој со 6:1, 6:2, 6:4 го совлада Британецот Камерон Нори.