Фудбал

Скапо „реновирање“ на Атлетико: Стигнува осмото летно засилување

18. јули 2019 - 19:14 | А.С.

Трансферот на дефанзивецот Марио Ермосо во Атлетико Мадрид се очекува да биде комплетиран наскоро, пишуваат шпанските медиуми.

Еспањол од оваа продажба ќе заработи околу 25 милиони евра без бонуси, но и 20% од следниот трансфер.

Ермосо со „јорганџиите“ ќе потпише петгодишен договор, а деталите околу неговата плата уште не се познати.

Челниците на Атлетико летово решија целосно да ја „реновираат“ екипата, па на засилување досега имаат потрошено 220 милиони евра.

Во клубот стигнаа Жоао Феликс (Бенфика), Маркос Љоренте (Реал Мадрид), Киран Трипие (Тотенхем), Фелипе (Порто), Ренан Лоди (Атлетико Параненсе), Иван Шапоњиќ (Бенфика) и Ектор Ерера (Порто).

Коментирај