Скјерн го елиминираше Веспрем од Лигата на шампионите

Веспрем, 31 март 2018 (МИА) - Дански Скјерн го направи најголемото изненадување сезонава во ракометната Лига на шампионите, откако го елиминираше фаворизираниот унгарски тим Веспрем и се пласираше во четвртфиналето.

Веспрем не успеа да ја анулира негативата од седум гола од првиот осминафинален меч во Данска, иако реваншот во Унгарија го доби со 34:29.

Унгарците се обидоа уште од стартот на средбата да ја наметнат својата игра, но гостите не дозволија резултатски да се одвојат.

Резултатот во голема мера е благодарение на одличниот голман на данскиот тим, Тибор Иванишевиќ, кој во последните десет минути дури успеа да се запише во листата на стрелци.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков имаше добра партија за Веспрем, при што реализира шест погодоци, како и неколку украдени топки и важни асистенции.

Скјерн во четвртфиналето ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Нант и Мешков Брест.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе