Škoda Enyaq претворена во практичен кампер

Филијала на Škoda во Велика Британија најде начин дополнително да ја зголеми практичноста на Enyaq со претворање на електричниот теренец во кампер.

Основа за проектот беше најмоќната верзија со погон на задните тркала, поточно моделот Enyaq iV 80, кој доби шатор на покривот. До овој дополнителен простор се пристапува со скала и може да спијат две лица. Шаторот може да се постави и симнат за само неколку минути и доаѓа со вентилатор на соларна енергија, осветлување и мрежи за багаж.

На креветот кој може да се извлече над задните седишта можат да спијат уште двајца луѓе, а рамката на тој кревет може да се состави за само неколку минути и на тој начин максимално да се искористи волуменот од 1.710 литри. Со цел да се подобри практичноста на електричното возило, Škoda постави лизгачка кутија од чешката компанија EGOE, која содржи шпорет на гас и мијалник со славина и црево.

И покрај таа кутија, задните седишта сè уште можат да се користат. Дел од целокупниот пакет е столче и маса за кампување кои се преклопуваат и се расплетуваат за неколку секунди, исто како ролетни за дополнителна приватност.

Enyaq iV 80 е придвижуван од електричен мотор кој развива 200 КС и 310 Nm вртежен момент, а батерија со капацитет од 82 kWh обезбедува автономија до 544 км. Забрзувањето од 0 до 100 км/час трае 8,5 секунди.

Концептот се вика FestEVal, а засега нема планови за производство.

Погледнете го концептуалниот Enyaq од сите агли во МЕГА ГАЛЕРИЈАТА.

Тагови
реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Поголема група маскирани лица во црно маршираат низ Белград

Read more

Решете го проблемот со лошиот здив со помош на две овошја

Read more

Каде е Вучиќ додека се подготвува најголемиот протест против него?

Read more

Концепти

Како звучи V16 моторот на Bugatti Tourbillon?

Read more

Jaguar XJ220 доби модерно преуредување

Read more

Toyota има интересен RAV4, но е само концепт

Read more

Renault Estafette Concept е компактно и пространо електрично комбе за урбана употреба

Read more
 

Автомобили

Новата Škoda е СУВ со седум седишта

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Контроверзниот електричен Jaguar мамеше погледи низ улиците на Париз

Читај повеќе

Дали R8 ќе биде најмоќното и најбрзото Audi во историјата?

Читај повеќе
  • filter

Toyota продолжува со електрификација: Пристигна електричниот C-HR

Читај повеќе

Моќниот Audi Q6 e-tron влезе во производство, позната и почетната цена

Читај повеќе

Прашање на кое се паѓа на возачки испит: Кој има првенство на минување овде?

Читај повеќе

Колку заработува извршниот директор на Volkswagen и Porsche?

Читај повеќе

Jaguar не се потресува што ги губи традиционалните клиенти

Читај повеќе

ЕУ сака да ја спаси автомобилската индустрија, најави голема пресвртница

Читај повеќе