Škoda Enyaq RS iV: Електричен SUV со 295 КС

Чешкиот производител на автомобили Škoda го претстави Enyaq RS iV, нов SUV кој може да се пофали со високи перформанси.

Enyaq RS усвои конвенционален облик кој дава приоритет на практичноста наместо поостриот профил на верзијата Coupe. И додека поелегантниот модел има исклучително низок коефициент на отпор од 0,234, во случајот со новиот модел тој е 0,265. Следствено, досегот е намален од 545 километри што ги нуди купето на 500 километри.

Заеднички им е погонот кој се состои од два електрични мотори кои испорачуваат комбинирана моќност од 295 КС и 460 Nm вртежен момент. Ако овие бројки ви звучат познато, тоа е затоа што Volkswagen ID.4 GTX и ID.5 GTX го делат истиот хардвер.

На моделот на Škoda му требаат 6,5 секунди за да забрза од 0 до 100 км/час пред да ја достигне електронски ограничената максимална брзина од 180 км/час.

Моделот ја презеде литиум-јонската батерија со капацитет од 82 kWh, која може да се полни со DC брз полнач до 135 kW, во кој случај полнењето на батеријата од 10 до 80 отсто капацитет трае 38 минути. На режимите Eco, Comfort, Normal и Sport им се придружи и Traction режимот. Овој режим е погоден за лизгави површини и неасфалтирани патишта со тоа што постојано нуди погон на четири тркала при брзина до 20 км/час.

Електричниот SUV на фотографиите е обоен Mamba зелена нијанса која е достапна и за Octavia RS, а има стандардни бандажи од 20 инчи, додека опционален е и 21-инчен аеро сет. Enyaq RS iV е опремен со целосно LED матрични фарови, како и широк заден рефлектор што го имаат Octavia RS и Kodiaq RS.

Надворешноста е украсена со асортиман на црни детали во комбинација со зелена RS ознака на предните браници. Познато како Crystal Face, осветлената предна табла е стандардна опрема и има 131 LED диоди за да може Enyaq RS iV да се истакнува ноќе. Целосно LED задните светла се исто така стандардни, а тие, како и предните, „танцуваат“ кога автомобилот е отклучен.

Внатрешноста има повеќе спортски седишта со подобра странична потпора и вградени потпирачи за глава. Седиштата се обложени со црна ткаенина, додека зелената нишка создава контраст на контролната табла. Панелите на вратите се карактеризираат со акценти од јаглеродни влакна, во внатрешноста има амбиентално осветлување, додека столбовите се исто така црни.

Продажбата на Enyaq RS iV ќе започне следната година.

Погледнете ја од секој агол ТУКА.

Remote video URL
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе