Првиот SUV на компанијата

Škoda го претстави концептот VisionS

По бројните најави и тизери, Škoda го откри изгледот на концептот VisionS кој треба да биде основа за нивните SUV модели, а премиерата на овој концепт ќе биде на претстојниот саем во Женева.

Чешкиот SUV треба да биде официјално претставен како сериски модел за време на автомобилскиот саем во Париз, а најавите се дека би требало да се вика Kodiak.

Концептот исто така е најава и за дизајнерската насока во која ќе се движи компанијата во иднина, а е инспириран од уметничкиот правец - чешки кубизам.

VisionS е поставен на MQB платформата на Volkswagen, а е долг 4,7 метри, широк 1,91 метри, а висок 1,68 метри, со меѓуоскино растојание од 2,79 метри. Иако нема објавени фотографии од внатрешноста, Škoda најави дека кабината е проектирана за шест патници.

Веројатно најважната новина за чешката компанија е воведувањето на Plug-In хибридниот погон што за прв пат се појавува во Vision S. Тој ќе располага со 1,4 литарски турбо бензински мотор кој ќе испорачува 156 коњски сили и два електромотори. Послабиот електромотор ќе има 54 коњски сили и ќе биде наменет за предните тркала, додека вториот електромотор со 115 коњски сили ќе ќе ги придвижува задните тркала, и на тој начин ќе му овозможува 4х4 погон на VisionS.

Автомобилот ќе може да помине до 50 километри само на електричниот мотор, додека вкупната автономија со едно полнење на резервоарот и батеријата ќе изнесува до 1.000 километри. Škoda тврди дека фабрички декларираната потрошувачка е само 1,9 литри на 100 километри.

Вкупната сила на автомобилот ќе биде 225 коњски сили, кои ќе го забрзуваат до 100 километри на час за 7,4 секунди, додека максималната брзина ќе биде 200 километри на час.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе