Škoda го претстави најмалиот SUV - Kamiq

Škoda објави фотографии од нов модел, кој е наменет строго за кинескиот пазар.

Kamiq ќе дебитира на саемот на автомобили во Пекинг, кој ќе започне на 25 април.

За разлика од останатите два SUV модели, Kodiaq од 2016 година и Karoq од 2017 година, Škoda Kamiq е наменет само за потрошувачите во Кина.

Надворешниот дизајн на автомобилот го следи стилскиот образец кој е воспоставен во претходните два модели, додека внатрешноста (за сега прикажана само на скици), е нешто поинаква од ентериерот на моделите Kodiaq и Karoq.

Škoda и остана доследна и на номенклатурата, па така името на возилото Kamiq почнува со буквата „K“, а завршува со „Q“, како што е случај и кај претходните SUV модели.

Техничките детали за сега не се објавени, а се очекува Kamiq да користи 1,5 литарски бензински мотор, со помош на кој се движи и верзијата на моделот Rapid за кинескиот пазар.

Иако Kamiq нема да пристигне во Европа, од Škoda од порано најавија дека на европскиот пазар сепак ќе биде понуден уште еден SUV.

Во прашање е продукциската верзија на концептот Vision X, прикажан на саемот на автомобили во Женева во март 2018 година.

Тој модел во продажните салони во Европа ќе се најде во 2019 година.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе