Škoda може да се користи и како хеликоптерска платформа

Kodiaq ја докажа својата разноврсност со тоа што стана место за слетување на хеликоптер. Требаше само да се инсталира соодветна платформа на покривот на автомобилот.

Од Škoda велат дека сребрениот Kodiaq претрпел само минимални модификации за слетување на хеликоптерот. Промените се дело на моделарите од одделението Škoda Design и експерти од секторот за прототипи EGV.

Заедно тие изградија платформа прикачена на решетките на автомобилот.

„Тоа е челична конструкција дизајнирана за рамномерна распределба на товарот. Прицврстена е на рамката на покривот каде што обично се прицврстени шините на покривот. Површината на платформата е направена од дрвени табли“, вели Петр Ербен, еден од моделарите.

Иако хеликоптерот Robinson R22 тежи повеќе од половина тон со платформата за полетување и слетување, конструкцијата на Kodiaq, наводно, не треба посебно да се зајакнува. Само задната оска на возилото е зајакната.

Откако завршија сите подготовки, следниот чекор беше да се спушти хеликоптерот на покривот. По статичкиот тест, кога хеликоптерот едноставно беше поставен на автомобилот, хеликоптерот полета со искусниот пилот Јан Чермак и безбедно слета на покривната платформа на теренецот.

Remote video URL

Ова не беше првпат хеликоптер да слета на покривот на автомобил Škoda.

Имено, во 2011 година хеликоптер слета на платформа поставена на покривот на моделот Yeti во една од епизодите на популарното шоу Top Gear на BBC.

Зад воланот на Yeti беше тогашниот водител на емисијата, Џереми Кларксон, а куриозитет беше дека слетувањето беше изведени додека автомобилот беше во движење.

Remote video URL
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе