Скок на цените на нафтата

На азиските берзи денеска се тргуваше претпазливо, како и на Волстрит претходниот ден, бидејќи доларот благо падна во однос на кошничката валути втор ден по ред. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, беше околу 7 часа плус 0,8 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 0,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,2 и 1,9 отсто. Тие благо паднаа во Шангај и Јужна Кореја. Силниот пораст на берзанскиот индекс на Хонгконг најмногу се должи на скокот на цената на акциите на Alibaba за 15 отсто, по веста дека технолошкиот гигант ќе се подели на шест деловни групи.

Тоа е најзначајното реструктуирање на Alibaba од неговото постоење и ги следи истрагите на регулаторите за начинот на кој кинеските технолошки компании работат. На останатите берзи се тргува претпазливо, како што беше случајот на Волстрит претходниот ден, кога Dow Jones загуби 0,12 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,16 отсто, а Nasdaq 0,45 отсто.

Падот на индексот главно се должи на притисокот врз технолошкиот сектор, кој вчера ослабна втор ден по ред, во просек за 0,5 отсто. И покрај ова, секторот останува најголем добитник во првиот квартал. Индексот S&P на технолошкиот сектор е зголемен за повеќе од 15 отсто од почетокот на годината.

„Во однос на технолошкиот сектор, тоа е повторување на претходниот ден. Има блага продажба со цел да се повлече профитот од пазарот, што покажува дека ентузијазмот малку згасна“, вели Мајкл Џејмс, директор во Wedbush Securities. Од друга страна, банкарскиот сектор се стабилизираше откако со недели беше под притисок поради неуспехот на Silicon Valley Bank.

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,57 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,60 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 130,60 на 131,60 јени. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0845 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0815 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,23 отсто, на 78,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,55 отсто, на 73,60 долари.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе